Please add some product!
Со традиција од повеќе од 35 години - работејќи исклучително на автомобили од брендот на Мерцедес, ние стоиме зад нашата експертиза и посветеност и гарантираме дека секој зафат на возилото ќе биде професионално завршен.
Нашата цел е едноставна - вие да бидете задоволни, вашето возило исправно и да изградиме долгогодишен однос со вас - нашите ценети клиенти.
Нашата визија е да прераснеме во најголем сервисен центар за Мерцедес Бенц на балканот.
Оригинални, нови, фабрички делови од Мерцедес Бенз кои ги носат сите жигови.
Фабрички препорачано моторно масло кое го користиме за редовен сервис на вашето возило.
Најквалитетните заменски делови за подвозје - произведени од Лемфордер.
Ние секогаш сме максимално посветени на секое возило кое е примено во нашиот сервис - без разлика на годината на производство или типот на интервенција кој се прави.
Нашите механичари се и врвни инженери, со високо образование и меѓународни лиценци и обуки.
Осигурајте се дека на вашето возило ќе се работи веднаш штом го оставите - нема да чекате со недели за да си го подигнете назад.
Пред да почнеме да менуваме делови, секогаш правиме детална дијагностика за да го утврдиме проблемот.
Според бројот на шасија (VIN) и спецификацијата на возилото - наоѓаме соодветен и квалитетен дел за замена.
По вградување на заменскиот дел, вршиме детална проверка за да се увериме дека проблемот е навистина решен, а вие - задоволни.
По нашето јавување и извршената проверка - можете да го подигнете возилото.
Највисок стандард на одржување
Борче и Бојан ги познавам повеќе од 15 години. Дефинитивно еден од најстручните и најчесните сервиси за Мерцедес во Македонија. Со целосна доверба сум ги оставал клучевите од мојата кола - и само сум добивал повик кога возилото е готово и може да се подигне.
Јас како информатичар не се разбирам многу во автомобили. Но, затоа се потпирам на сервисот на Џигеров Ауто и до сега секогаш ја оправдале мојата доверба. Топла препорака за соработка - и само продолжете така момци - топ сте!