Редовен сервис се прави според препораките кои се пропишани од производителот. Генерално, препорачуваме промена на моторното масло и сите филтри на возилото на секои 10.000км или еднаш годишно (без разлика на бројот на поминати километри).
Препорачуваме промена на маслото во автоматскиот менувач на секои 60.000км - со квалитетно масло и оригинален филтер.
Да! Нудиме проверени половни делови со гаранција - доколку ние ја правиме монтажата на делот.
Секако! Користиме најмодерна дијагностичка опрема што ја користат и во официјалните сервиси на Мерцедес Бенз и е наменета исклучително за овој бренд на возила.
Нашето долгогодишно искуство и специјализација е насочена само на возилата од брендот на Мерцедес Бенз. Ова ни овозможува да ви дадеме највисоко ниво на професионалност и експертиза.
Да, може да купите и половен дел кој ќе го мотирате вие или во друг сервис. Контактирајте не за да провериме дали делот што ви треба го имаме во моментот на залиха - со задоволство ќе ви излеземе во пресрет.
Да, може да ви издадеме и фактура за извршениот сервис на вашето возило.
Не, ние сме фокусирани само на делот на автомеханика на автомобилите од брендот на Мерцедес Бенз.